Силно невреме ја погоди и Црна Гора: Во Подгрица преплавени улици, а силниот ветер корнел дрва (ВИДЕО)

 

Силно невреме го зафати поголемиот дел од Црна Гора синоќа, а обилните дождови пропратени со силен ветер, улиците во Подгорица беа поплавени и причинета е мала материјална штета.

Невремето започна веднаш по полноќ, а голема количина на дожд падна до раните утрински часови.

Силниот ветер искрши дрвја и гранки, носеше и ѓубре низ улиците, јавуваат медиумите од Подгорица.

Невремето го попречи и функционирањето на сообраќајот на улиците на Подгорица.

Метеоролозите за денеска најавуваат променливо облачно време, а повремено се очекуваат локални, а наместа и поројни врнежи од дожд.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега