Силно невреме во Хрватска: Силниот ветер корнел дрва и рушел покриви (ВИДЕО)

Славонски Брод и околината денес беа погодени од големо невреме кое носеше покриви од куќи и рушеше дрвја.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, оштетена била и Железничката станица, а бројни стебла биле срушени на повеќе места. Наврнало 17 литри дожд на метар квадратен, а во еден момент бил регистриран налет на ветар од 49 километри на час.

Како последица на невремето, откорнати биле и кабли и дошло до електричен спој и пожар на покрив од куќа, но за среќа нема повредени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега