Синот на Данило Коцевски: Татко ми кој ги даде срцето и душата за Скопје, градот не му оддаде никакво признание

Огнен Коцевски, синот на нашиот познат романописец, книжен критичар и раскажувач Данило Коцевски, на Фејсбук ги искажа својот револт за тоа дека градот Скопје никогаш досега не му оддаде никакво признание на неговиот татко кој целиот свој живот го посвети на пишување за главниот град.

– Мојот татко, Данило Коцевски, единствениот врвен хроничар на градот Скопје, скопска легенда, боем, кој напиша толку многу за Скопје, кој го даде срцето и душата на Скопје. Градот Скопје по неговата ненадејна смрт на 13 септември, не најде за згодно да му оддаде никаква чест, признание, ниту награда за делото за кое тој го даде целиот свој живот, пишува во Фејсбук објавата на синот на Данило Коцевски.

На седницата што ќе се одржи во вторник, наредната недела, Советот на Град Скопје ќе расправа за дополнување на регистарот на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје со нови 571 предлог.

Tогаш повторно ќе се вратат старите имиња на улиците –  „Бихаќка“, „Водњанска“, „Железничка“, „Каирска“, „Ленинова“, „Првомајска“, „Иво Лола Рибар“, „4 Јули“, „29 Ноември“ и други. Овие улици,  на кои имињата им беа променети од претходното градско раководство, ретко беа употребувани и граѓаните ги користеа старите називи

На списокот има имиња на повеќе македонски актери, писатели, уметници, историски личности, градоначалници на Скопје, спортисти и значајни личности на светско ниво. 

Меѓу предлозите за именување на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти се имињата на: Неџат Аголи – учесник во НОБ, политичар и командант на четвртата албанска бригада, Кројач Ангелковски – еден од најпрепознатливите кројачи во Скопје, македонскиот актер Владимир Ангеловски –Дади, потоа Аполо 11- мисијата од програмата Аполо со која во 1969 година, човекот стапнал на месечината, космонаутот Нил Армстронг кој бил командант на мисијата Аполо 11 и бил првиот човек што стапнал на месечината.

На листата се наоѓа и Безвременски градски парк за сите генерации, рок групите Бис Без, Леб и сол, Лева патика, потоа англискиот музичар и глумец Дејвид Боуви. Како предлог за име на плоштад, како синоним за место каде ќе се случуваат убави настани на листата е и името Вера, Љубов, Надеж, Медена земја, како и многу други.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега