Скандал во Австрија: Препакувале кинекси маски па ги препордавале како домашни- наплаќале дупла цена

Австриската компанија „Хигиена Австрија“,  е предмет на истрага на обвинителството за борба против економскиот криминал и корупцијата, затоа што препакувала кинески заштитни маски и ги продавала како австриски производ, признала нелегален бизнис.

За време на неодамнешните претреси во фабриката, откриени се 45 илегални работници, кои пакувале кинески маски во подрумот на компанијата.

Додека компанијата, основана на почетокот на пандемијата, прво ги отфрли сите обвинувања, тие сега признаа дека ги спакувале маските.

Истрагата е започната по прислушувањето на осомничените за трговија со луѓе.

Така, десетици илегални работници работеле 12 часа на ден, седум дена во неделата, во фабриката во Винер Нојдорф.

За време на посетата на политичарите, компанијата прикажала маски направени во Австрија, а во подрумот препакувале кинеските маски  и лажно ги претставиле како австриски.

Станува збор, како што е наведено, за најмалку 20 милиони маски од Кина кои биле продадени на австрискиот пазар по многу повисока цена, како австриски производ.

Компанијата, која го снабдуваше парламентот со маски и голем трговски ланец, призна дека ангажирала кинеска фабрика за производство на маски, кои потоа ги продавала како австриски производ по цена повисока од 60 до 100 проценти.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа