Скопјанец обвинува: Мајка ми почина во лифт, бидејќи Брзата помнош дојде како на гости без носилка и адреналин

Цела година молчев, чекав Обвинителството да ме повика да дадам исказ, за тоа како мајка ми почина заглавена во лифт, откако Брзата помош дојде кај нас дома брзо, ама како на кафе, неопремени ниту со носилка, ниту со адреналин, иако жената се гушеше, изјави за „Слободен печат“ Слободан Трендов, син на Лилјана Трендова, која почина на 20 август 2019 година во лифт во зграда во Карпош.

-Мајка ми ја боцкаше шоферот, сестрата и докторката не знаеа што да прават. За ова имам сведоци живи, татко ми, соседот, се е евидентирано во полиција. Судската медицна кажа дека мајка ми има здраво, срце здрави бели дробови, но и се здебелиле гласните жици и затоа настанало гушењето. Брзата помош не направи реанимација, а тие во нивната изјава кажале дека направиле. Јас бев присутен цело време, каде направиле реанимација, во мислите, вели Трендов.

Вечерта на 18 декември мајката на Трендов добила анафилактички шок од антибиотик.. Откако Брзата помош дошла кај нив, му рекле на Трендов да ги повика соседите за да ја симнат неговата мајка доле. Откако многу луѓе влегле во лифт, лифтот пропаднал и отишол во подрум. Во лифтот останале 20 минути заглавени, а Лилјана починала внатре.

-Адреналин не и дадоа од врата, не ја вклучија на боца кислород, немаа носилка. Изјавиле дека и правеле на мајка ми реанимација, но имам сведоци дека реанимација не направија. Чекав година дена да ме викне Обвинителството да дадам исказ, да си ги донесам и сведоците кои беа дома, меѓутоа денеска ни стигна решение од Обвинителството дека нема основи за кривична постапка зашто мајка ми починала од анафилакса. И тоа Обвинителството одговори на претставка која ја поднесе сестра ми која е адвокат, зашто помина долго време без одговор од нив, додава скопјанецот.

Од Обвинителството дури денеска пристигнал одговор во кој се вели дека нема основи за кривично дело кое се гони по службена должност.

-Ве известуваме дека смртта на сега починатата Лилјана Трендова на возраст од 68 години е природна и настаната како резултат од анафилактички шок кој довел до нарушување и престанок на функцијата на важно виталните органи што довело до настапување на смртен исход. Од овие причини ОЈО нема да поведе кривична постапка бидејќи нема основи на сомнение дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност, стои во дописот од Обвинителството до кој дојде Слободен печат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2021 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега