Скоро 600 заболени - една општина во Скопје е мини жариште на коронавирусот

Денеска беше регистриран новиот рекорд на новозаразени во Македонија, односно 641 нови случаи.

Министерството за здравство информираше дека во изминативе 24 часа 12 лица починале, а 233 оздравеле.

Ситуацијата во Скопје станува алармантна, бидејќи е град со најмногу заболени - 2.983 активни случаи, а после него следуваат Струмица со 369 и Тетово со 314 активни заразени.

Скопската општина Аеродром претставува мини жариште на вирусот во земјава, каде во моментов има 592 активни случаи.

Еве колку изнесува бројот на заболени во секоја скопска општина посебно:

• Чаир – 134

• Гази Баба – 353

• Аеродром - 592

• Карпош – 479

• Центар – 476

• Кисела Вода – 332

• Ѓорче Петров – 240

• Бутел - 122

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 6

• Сарај – 23

• Арачиново – 9

• Илинден – 49

• Сопиште – 25

• Чучер Сандево – 11

• Петровец –20

• Зелениково - 9

Министерот за здравство Венко Филипче завчера предупреди дека ситуацијата е сериозна и дека ако не се почитуваат мерките, следен чекор е полициски час.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега