Славната пејачка проговори за големата трагедија: „Го изгубив првото дете, пред најважниот ден во мојот живот“
Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ во реалното шоу за нејзиниот живот „Цеца шоу“ откри дека била бремена, но го загубила бебето еден и пол месец пред венчавката со Жељко Ражнатовиќ Аркан. Во шоуто Цеца првпат кажа детали за кои до сега не зборувала во јавноста и призна дека чекала дете со Аркан пред Вељко и Анастасија.
„Јас и Жељко чекавме бебе пред да се венчаме. Свадбата ја закажавме во февруари, а јас во меѓувреме останав бремена. Во меѓувреме, за жал, го изгубив нашето бебе“, вели Цеца во емисијата.
И покрај загуба, Цеца и Аркан решиле да ги продолжат подготовките за венчавката:
„Се договоривме да не го поместуваме датумот на венчавката, па свадбата ја направивме на 19 февруари 1995 година како што планиравме“, рекла таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа