Слупчане и Оризари се се’ уште без струја – ЕВН бара да им се гарантира безбедноста за да можат да работат
Селото Слупчане и Оризари се се’ уште без напојување, по дефектот предизвикан од мештаните по упад во мрежата.
Од ЕВН велат дека се’ додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.
Екипите на Електродистрибуција работеа цела ноќ на санација на дефекти. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија на селата: Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.
Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села.
Дефектот на граничниот премин „Табановце” беше саниран вчера за кратко време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа