Снежно невреме во Авганистан, починаа 60 лица

 


За три недели во Авганистан од студ починале најмалку 60 луѓе.

Според Џанан Саик, портпарол на Министерството за управување со природни катастрофи, жртвите починале од студеното време, поради обилните снежни врнежи и дожд.

Тој додаде дека во истиот период се повредени 34 лица, а повеќе од 1.600 куќи биле уништени.

Обилните снежни врнежи и снежното невреме блокираа и неколку патишта во земјата.

Ашраф Хакшенас, портпарол на Министерството за јавни работи, рече дека се блокирани преминот Саланг и неколку правци во провинциите Бамијан, Гор, Сар-е Пол, Нуристан и Фарах.

15.03.2024 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега