Со пластично шише лесно може да ви го украдат автомобилот (ВИДЕО)
Ако видите пластично шише кај гумата на вашиот автомобил веднаш повикајте полиција, бидејќи овој метод е еден од најновите за кражба на возила, измислен во Америка.
За многу брзо време се пресели и на европско тло.
Овој метод кражба на автомобил, кое крадците го вметнуваат во просторот помеѓу гумата и автомобилот, подалеку од возачкото седиште. Тие избираат место подалеку од возачкото седиште од две причини: прво – за возачот да не го забележи шишето при влегување во автомобилот и второ, за да биде што подалеку од своето седиште кога ќе излезе.
Оваа кражба функционира така што возачот, кога ќе го запали автомобилот, ќе слуша чудни звуци од шишето. Во брзање да провери што се случува, веројатно нема да успее да го исклучи моторот и да го извади клучот пред да замине. Тоа е одлична можност за крадец кој ќе ја искористи приликата додека возачот го извлекува со шишето да влезе во возилото и да избега.
Единствената опција е да ги погледнете гумите пред да влезете во автомобилот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа