Со помош на едно масло најбрзо ќе добиете бронзен тен - направете го сами со состојки од кујната

Ова е наједноставниот домашен природен рецепт за подготовка на масло за сончање. Секој може да го направи сам, состојките се лесно достапни, а ќе имате бронзен тен на кој ќе ви завидуваат сите.

Основата е маслиново масло во кое се додаваат уште 2 природни состојки, односно потребно ви е:

300 ml маслиново масло

2 моркови

6-7 млади оревчиња

Во поголема тегла изрендајте ги морковите, исечкајте ги оревчињата и прелијте ја смесата со маслиновото масло.

Добро затворете ја теглата и оставете ја најмалку 4 недели (а најдобро 40 дена) да отстои на сончева светлина. Повремено промешувајте ја содржината во теглата.

Кога ќе помине времето на „сончање“ на теглата, процедете ја течноста, а маслото ставете го во шишенце.

Сепак, имајте предвид дека овој домашен препарат содржи низок заштитен фактор 2, односно не може да ве заштити доволно од сончевите зраци, па претходно нанесете крем со висок SPF, а по половина час намачкајте се со маслото.

За само 2 дена ќе ја забележите разликата. Ќе потемните многу побрзо, а предноста на ова домашно масло е што кожата истовремено ќе ви биде нежна и нахранета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега