Сообраќајка во тетовско: Две лица повредени

 

 

Во сообраќајка кај  село Желнино две лица биле повредени по што биле пренесени во болница.

„На 21.10.2020 во 07.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Желино – Палатица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „смарт“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(22) и товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(50), и двајцата од с.Палатица, тетовско“ соопштуваат од МВР.

Во незгодата, М.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а Џ.Е. со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Тетово.

Извршен бил  увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа