Спасовски: Домашна платежна картичка и за пензионери и неактивни баратели на работа

Носителот на листа во ИЕ 2 и премиер, Оливер Спасовски, најави економска поддршка и за нови категории граѓани како дел од поддршката за справувањето со последиците на економски план, од здравствената ситуација.

„Најавувам четврти сет мерки и сите пезионери кои примаат пензија до 15.000 денари и неактивните баратели на работа, што се пријавуваат на 6 месеци, ќе добијат исто така домашна платежна картичка“, најави Спасовски. 

Тој ги објасни трите сета мерки за поддршка на ранливите групи граѓани, вработените и бизнисите со коишто се помогна преку домашната платежна картичка, ваучерите за туризам и бескаматните кредити за фирмите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега