Србија со жесток одговор за Брисел – Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, подготви дециден и жесток одговор до Брисел, а одговорот на јавноста ќе ѝ биде соопштен најдоцна во рок од 72 часа, пренесува „Новости“.

Според извори на „Новости“, шефот на државата бил шокиран и лут по изјавата на портпаролот на Европската Унија, Питер Стан, кој денеска рече дека Србија е под надзор на ЕУ поради потпишувањето на планот за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Србија и на Русија, што неодамна беше потпишан во Њујорк.

Стано денеска даде изјава во врска со потпишувањето на договорот меѓу Србија и Русија.

„Живееме во време кога Русија почна нелегална и нелегитимна инвазија на суверена земја, на соседна Украина… Доколку под овие околности видиме дека Министерството за надворешни работи на Србија прифати консултации, редовни консултации, со Министерството за надворешни работи на земја што врши криминална агресија, тоа е многу јасен знак за нивната намера да ги зајакнат своите врски, дополнително да ги зајакнат односите меѓу Србија и Русија. И тоа е причина за сериозни прашања“, рече Стано.

„Европската Унија им беше јасна на своите партнери, а особено на земјите што се во процес на пристапување, како што е Србија, која е кандидат. Односите со Русија во сегашните околности не може да бидат нормални и деловни. Невозможно е да се соработува со овој режим, кој прави толку многу криминални дела и злосторства, а ние го сфаќаме многу сериозно и го следиме“, нагласи портпаролот на ЕУ.

26.09.2022 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега