Србите плаќаат најскап бензин, а во Македонија има најевтин дизел во земјите од бивша Југославија

Српските граѓани во моментов плаќаат најскапо гориво во споредба со останатите земји во поранешна Југославија, објави „Н1“.

Цената на бензинот од 95 октани од петокот чини 184 динари, односно околу 1,57 евра, додека дизелот чини 209 динари, односно 1,78 евра.

Бензинот е најевтин во Црна Гора и чини 1,45 евра, додека дизелот чини 1,55 евра, додека во Хрватска бензинот чини 1,50 евра, а дизелот 1,61 евро.

На пумпите во Словенија на 2 август бензинот поевтини до 1,534 евра, додека дизелот чини 1,676 евра за литар.

Во Македонија бензинот чини 1,47 ера, додека дизелот ни е најевтин во регионот и чини исто така 1,47 евра.

Во БиХ цените не се ограничени и се разликуваат, па се продаваат околу 1,51 евра за бензинот и 1,62 евра за литар дизел.

09.08.2022 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега