Српската докторка објасни какви маски треба да носиме - со нив се намалува можноста да се заразиме под 1 отсто

Српскиот епидемиолог Дарија Кисиќ Тепавчевиќ објасни колку носењето маски е важно за спречување на вирусо.

-Додека две лица разговараат, доколку носат маски, веројатноста за пренесување на инфекции е еден отсто, а ако не носат и до 70 отсто - рекла докторката.

Доколку едно лице носи маска, а друго не - веројатноста за заразување е пет отсто, но доколку двете носат заштитни маски, веројатноста е помала од 1 отсто.

-Тоа е апсолутно нешто што се покажа сите овие месеци како ефикасно. Имаме доволно непознати за овој вирус, но што што со сигурност се знае е дека носењето маски не не спасува од инфекција - објаснила Кисиќ Тепавчевиќ.

-Тоа не мора да бидат хируршки маски, туку може и памучни, било која механичка заштита. Апелираме да се применуваат и други мерки на превенција, а тоа е физичка дистанца од најмалку 1 метар, како и редовно миење раце - додала Кисиќ Тепавчевиќ за Танјуг после состанокот на Кризниот штаб.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега