Српски медиуми: Детонации во Косовска Митровица

Во северниот дел на Косовска Митровица пред кусо време одекнале пет детонации, јави српскиот весник „Блиц“. Според извори од терен, детонации се слушнале од правец на улицата Колашинска каде што порано била канцеларијата на изборната комисија.

Засега сè уште нема прецизни информации за што се работи и дали се повторува сценариото од Зубин Поток каде пред околу еден час имаше две детонации, информира Блиц.

Во Зубин Поток членови на општинската изборна комисија придружувани од косовската полиција по 12 часот насилно влегле во зградата на општина Зубин Поток, ги искршиле вратите и ги смениле бравите, поради што граѓаните кои случајно се нашле таму се побуниле.

06.12.2022 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега