Српски политичар за Путин: Џуџето со ботокс од Кремљ сака сите да нè убие

Ненад Чанак, претседателот на Лигата на социјалдемократи на Војводина гостуваше во утринската програма на српски „Курир“ и зборуваше за првиот човек на Русија, Владимир Путин.

„Што не ви е јасно, џуџето со ботокс од Кремљ сака сите да нè убие. Има бунт во Русија поради мобилизацијата“, вели тој.

Чанак вели дека некој мора да го запре Путин и да го убие затоа што светот ќе дојде во ситуација да не може да преживее.

„Тој ќе ја воведе планетата во нуклеарен холокауст. Јас не се шегувам со тоа. Има нуклеарки за да ја уништи планетата шест пати“, вели Чанак.

26.09.2022 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега