Close Menu
    Најново

    „Прво човек, потоа градоначалник“  – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги промовираат кандидатот за скопски градоначалник

    20.09.2025 во 13:05

    Кузеска: СДСМ бара одговорност за пожарите – граѓаните се трујат а неспособна власт ги лаже

    20.09.2025 во 12:52

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Доста глумиш загриженост – извини им се на граѓаните

    20.09.2025 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • „Прво човек, потоа градоначалник“  – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги промовираат кандидатот за скопски градоначалник
    • Кузеска: СДСМ бара одговорност за пожарите – граѓаните се трујат а неспособна власт ги лаже
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Доста глумиш загриженост – извини им се на граѓаните
    • Адеми: Владата ја блокира европската иднина – ниту едно поглавје не е отворено
    • МФ: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи стабилен раст и доверливи економски политики
    • Трамп: Си Џинпинг го одобрува договорот за ТикТок
    • Американците ќе продадат оружје на Израел: Ќе се збогатат за шест милијарди долари
    • Силен земјотрес го стресе Крит
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ССМ пред одлука: Кои чекори следуваат за минималната плата?

    ССМ пред одлука: Кои чекори следуваат за минималната плата?

    28.03.2025 во 13:20
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Сојузот на синдикати на Македонија денеска треба да се изјасни за следните чекори што ќе ги преземе во однос на минималната плата откако во вторникот Владата ја усвои информацијата дека минималната плата ќе се зголеми за 1.800 денари во нето износ согласно законски утврдените критериуми. Се очекува седница да одржи Претседателството на синдикатот на која ќе се разговара за натамошните чекори.

    Според ССМ, одлуката на Владата не е законска затоа што согласно член 4 став 5 од Законот за минимална плата, министерот за труд и социјална политика, по претходно мислење од Економско-социјалниот совет, ја објавува висината на минималната плата во бруто износ. Како што посочуваат од синдикатот, ова не е испочитувано, односно не е одржана седница на ЕСС.

    Економско-социјалниот совет се очекуваше да одржи седница во текот на овој месец, но претходно треба да заседава Комисијата за репрезентативност која треба да ја утврди репрезентативноста на ССМ која пак е истечена минатата година. Досега ваква седница на Комисијата за репрезентативност не се одржа, а се очекува тоа да се случи денеска. Во Комисијата учествуваат претставници од трите социјални партнери. 

    Од синдикатот нагласуваат дека од 2012 година првпат се случува да се носи одлука за минималната плата без консултација на сите социјални партнери во трипартитниот совет. 

    – Првпат Владата сама си донесе одлука откога е воведена минималната плата во 2012 година и за неа одлучи без работниците. Имавме парола пред неколку години на 1 Мај дека не смее да се одлучува без работнциите, а, Владата, за жал, на седница си донесе износ на минималната плата од 1 800 денари, без да се разговара на Економско-социјалниот совет, без да одлучат и работниците и работодавачите и Владата. Апсолутно сме незадоволни од ваквата одлука на Владата. Ги знаете нашите барања и од нив не отстапуваме, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски во средата.

    Од Владата велат дека одлуката е легитимна и согласно закон, а износот е утврден согласно критериумите во Законот за минимална плата. 

    – Како Влада имаме обврска да го почитуваме Законот за минимална плата, кој треба да почне да се спроведува наредниот месец. Има доволно време за институциите да го пресметаат покачувањето на минималната плата, кое законски изнесува 2200 денари, истакна заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на прес-конференција во средата.

    Како што посочи, висината на минималната плата е одредена согласно податоците од Државниот завод за статистика, за што како основа се зема 50-проценти од просечната плата исплатена минатата година и 50-проценти од индексот на трошоци односно инфлацијата за претходната година.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    „Прво човек, потоа градоначалник“  – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги промовираат кандидатот за скопски градоначалник

    20.09.2025 во 13:05

    Кузеска: СДСМ бара одговорност за пожарите – граѓаните се трујат а неспособна власт ги лаже

    20.09.2025 во 12:52

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Доста глумиш загриженост – извини им се на граѓаните

    20.09.2025 во 12:47

    Адеми: Владата ја блокира европската иднина – ниту едно поглавје не е отворено

    20.09.2025 во 12:18
    последни вести
    Политика

    „Прво човек, потоа градоначалник“  – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги промовираат кандидатот за скопски градоначалник

    20.09.2025 во 13:05
    Политика

    Кузеска: СДСМ бара одговорност за пожарите – граѓаните се трујат а неспособна власт ги лаже

    20.09.2025 во 12:52
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Доста глумиш загриженост – извини им се на граѓаните

    20.09.2025 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.