Стојаноска: По 15 јули новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за решавање на проблемот со депонијата Русино

Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6 денеска беше пред депонијата  Русино каде рече дека како носителката на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија во чија што програма од 6те стратегиски определби е заштита и унапредување на животната средина изјави дека итно ќе се зафатат на прашањето на нерегулираните депонии каква што е Русино.

-Во првите 100 дена од формирањето на Владата ќе следи и безусловна забрана на увоз за опасен материјал. Владата ќе изработи и методологија за поддршка на регионалните центри за управување со отпад што предвидува поставување преработувачки центри за секундарна селекција и добивање енергија и био гориво. Сето ова во соработка со планските региони и единиците на локалните самоуправи. Клучниот збор лежи во соработката или поточно во немањето соработка во изминативе години или децении, истакна таа.

Стојаноска потсети дека СДСМ освен протестите и ветувањата дека аерозагадувањето ќе се реши кога ВМРО-ДПМНЕ нема да биде власт, ништо друго не стори изминативе три години. Таа посочи дека за разлика од СДСМ во време на владите на ВМРО-ДПМНЕ се обезбедуваа средства за ова и за останати теми од животната средина, но некаде истите се реализираа од страна на локалните власти, а некаде за жал и сеуште не и овде  ги наведи реализираната пречистителна станица за питка вода во Гостивар, милион и двеста илјади евра за водоводот во Тетово, 100 милиони денари за регулација на коритото на Вардар во Јегуновце, пречистителна станица во Теарце  итн.

-Конечно единствен начин да се реши проблемот со Русино е да се изгради посебен канал за испуштање и третирање на отпадните води од отпадот. Во меѓувреме да се најде и соодветна локација за да се инвестира во постројки за рециклажа на отпадот од Русино. Како што кажав претходно за да се спроведе ова потребно е поголемо залагање на централната власт односно министерството за животна средина, но и соработка со локалната власт, потенцираше Стојаноскa. 

Стојаноска порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го избегне овој акутен и сериозно опасен проблем за Гостивар и цела изборна единица 6, туку активно и итно ќе се завземе за изнаоѓање решение на истиот. Обнова мора да има и за ова прашање. Таа обнова доаѓа од 15 јули.

Стојаноска: По 15 јули новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за решавање на проблемот со депонијата Русино

Posted by Press24.mk on Sunday, 12 July 2020

12.07.2020 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа