Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ понуди план за набавка на евтини енергенси за производство на поевтина струја

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија и посочи дека власта нема план за справување со енергетската криза.

Стојановски вели дека од изјавата на советникот за енергетика во владата на Димитар Ковачевски, може да се забележи дека грејната сезона треба да започне за 12 дена, а власта се уште не знае ниту од каде а ниту по кој цена ќе набави гас.

„Власта нема план. Можеме да видиме дека во моментот се потребни 250 милиони кубни метри на гас кои што во моментот ние ги немаме, а за 11 до 12 дена треба да започне грејната сезона, а согласно правилникот кој што е усвоен ако просечната дневната температура три дена по ред биде под 14 степени веќе во моментот треба да биде пуштено греењето. Јас го проследив внимателно пресот на овој кој што му е советник на Ковачевски за енергетика, човекот вели нема потреба наредните 12 дена скопјани да се греат, така ние гледаме по временска прогноза. Кога го прашаа по која цена и од каде, човекот не знаеше да одговори заради тоа што сега го прават како влада и се растрчани и коленичат во земјите од регионот треба да го прават за наредната година, а пред 8 месеци кога ние апелиравме дека треба да го направат тие се смееја“, рече Стојаноски.

Стојаноски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ понудила мерки за справување со енергетската криза, од кои преку обезбедување на евтини суровини ќе се произведе електрична енергија од домашните капацитети, а на тој начин стопанството ќе им дупло поевтина струја од таа што е на референтната берза.

А исто така и дека ќе поднесат измени на законот за енергетика, каде што освен училиштата, јавните претпријатија и здравствени установи ќе се стават на регулиран пазар.

„Од аспект на мерките, првата мерка е обезбедување на многу евтини суровини со кои ќе се произведе електрична енергија од домашните капацитети со кои што на стопанството ќе им биде поевтина струјата за дупло поевтина од таа што е на референтната берза. Тоа значи дека овие два најголеми потрошувачи на електрична енергија кои во моментот затворија Фени од Кавадарци и Бучим од Радовиш нема да ги испуштаат работниците, ќе направат контрибуција кон БДП“, вели тој.

На почетокот на наредната недела ќе ги поднесеме измените на законот за енергетика каде што освен училиштата треба под таа капа да влезат и јавните претпријатија и здравствените установи за да можат да се стават на регулиран пазар. И третото е нормално да заштедиме 300 милиони евра пари на граѓаните, истакна Стојаноски.
28.09.2022 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа