Страшна сообраќајка во Хрватска: Со „бе-ем-ве“ влета во куќарка за наплата - загина работник

Работник во Хрватска загина откако изутрината „бе-ем-ве“ влетало во куќарка на патарина на автопатот Загреб-Сисак.

Полицијата потврди дека возачот изгубил контрола над возилото и удрил во наплатната куќичка во која се наоѓал работникот.

Фотографиите од несреќата прикажуваат голема дупка која настанала кога автомобилор се забил во ѕидот. Возачот е префрлен во болница.

„Возилото се забило во наш објект. Тоа не зачуди со оглед на тоа дека лентата до објектот е затоврена за соообраќај токму заради такви ситуации откако автопатот е отворен за Сисак поради хуманитарната помош. Човекот загина и не знам што друго да кажам, во тек е увид и ќе се утврдат околностит“, вели Иван Рибичиќ, директор на секторот за наплата на втопатите.

Нивниот 53-годишен колега го затекнале без знаци на живот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2021 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега