СЗО: Пандемијата ќе потрае и во текот на 2022-ра година

Пандемијата на ковид-19 ќе трае една година подолго од тоа што е потребно, бидејќи сиромашните земји не ги добиваат вакцините кои им се потребни, соопштила денеска Светската здравствена организација.

Доктор Брус Ејлвард од СЗО изјавил дека тоа значи дека кризата би можела лесно да се протегне длабоко во 2022-ра година, пренесува “BBC”.

Помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано, во споредба со 40-те проценти на останатите континенти.

Велика Британија испорачала повеќе од 10 милиони вакцини на земјите кои им се потребни, а ветила вкупно 100 милиони.

Повеќето вакцини против се дадени во земји со високи и средни приходи, додека на Африка отпаѓа само 2,6 проценти од дозите дадени ширум светот.

Група добротворни организации, меѓу кои “Оксфам” и “УНАидс”, ги критикувале Канада и Велика Британија поради набавките на вакцини за своите жители преку Ковакс, глобална програма за праведна дистрибуција на вакцини.

Официјалните податоци покажуваат дека на почетокот на оваа година Велика Британија примила 539.370 дози вакцини “Pfizer”, додека Канада земала нешто помалку од милион дози од “AstraZeneka”.

 

Ејвард апелирал на богатите земји да се откажат од “местата во редот” за вакцини, за фармацевтските компании да можат да дадат приоритет на земјите со најниски приходи.

21.10.2021 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа