Таткото на Матеј: Благодарност до Белград и сите кои се молеа за син ми

 

Tелото на Матеј Периш (27) денеска од црквата Свети Антониј во Белград беше испратено во Сплит, каде ќе биде погребан.

Телото беше во црквата од 15 часот, а во 17 часот беше oдржано испраќање на чело со белградскиот надбискуп Станислав Хочевар.

За потсетување, вчера беше потврдено дека младиот човек чие тело беше пронајдено завчера во Дунав е Матеј Периш. Српски „Телеграф“ пренесе дека ДНК анализата докажала оти се работи за исчезнатиот граѓанин на Сплит. Причината за смртта е давење, покажа обдукцијата. Ќе се прави и токсиколошка анализа, но овие резултати се очекуваат за неколку недели.

„Би сакал да се обратам до вас новинарите, би сакал да се заблагодарам на градот Белград за големото срце што ми го даде. Без разлика што мојот син тука го заврши својот земен живот, срцето што ми го даде Белград, граѓаните на Белград и цела Србија ми помогна многу за овие 139 дена да почувствувам човечка љубов, грижа, сочувство и се што му треба на човек во вакви моменти“, изјави таткото на Матеј, Ненад Периш.

„Би сакал да се заблагодарам и до МВР на Србија, тие завршија огромна и неверојатна работа, секој контакт со нив беше пред се човечки, а потоа професионален и таков каков што ми требаше за да го поминам овој период, а сепак да ги дознаам деталите“, рече тој.

„Благодарам на секој полицаец, началник и на сите што учествуваа во тоа. Би сакал да му се заблагодарам и на хрватското МВР и тие завршија одлична работа, благодарам. Благодарам и на Министерството на БиХ и тие учествуваа на почетокот“, изјави Ненад Периш.

„Ви благодарам на сите вас новинарите, снимателите, вашите редакции, на сите посебно. Мислам дека покажавте дека сте луѓе и дека во вакви тешки ситуации ја знаете разликата помеѓу вест и болка. Им благодарам на католичките свештеници, но и на патријархот Порфириј, очекувам дека ќе дојде сега. Со неговите епископи, владици и сите православни верници кои со отворено срце се молеа за Матеј“, рече неговиот татко.

20.05.2022 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа