Температурата денеска до 41 степен, и во наредните денови многу топло време
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. UV=10
Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во следните денови времето ќе се задржи многу топло, со високи температури. Утринските температури на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, а во понеделник се очекува преодно благо опаѓање на температурата. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа