Тетовец уценувал 23-годишник дека ќе објави компромитирачки фотографии од него

26-годишник од Тетово е уапсен бидејќи уценувал три години помладо момче дека ќе објави компромитирачки фотографии од него. При апсењето полициските службеници пронашле и марихуана.

-Вчера околу 16.40 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Ш., поради сомнение дека во повеќе наврати го уценувал 23-годишниот Д.Ш., исто така, од Тетово, дека ќе објави компромитирачки информации и фотографии, за што подолго време барал и добивал парични средства од Д.Ш. При лишувањето, на Б.Ш. му била пронајдена и марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирањена случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци, велат од МВР.

20.10.2021 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега