Трагедија во Србија: Почина средношколец додека бил во изолација

Трагедија во Крушевац, 16 годишно момче починало во својот дом додека бил во изолација поради корона.

Шеснаесетгодишен ученик од Хемиско-технолошкото училиште од Крушевац, Србија почина вчера во домашна изолација.

Како што вели мајката на починатиот средношколец за „Новости“, тој бил тестиран и позитивен на корона.

Таткото на момчето исто така бил позитивен на коронавирусот. Повеќе податоци и попрецизни информации за причината за смртта се очекува да бидат познати во текот на денот.

Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје во Крушевац, од почетокот на учебната година, во областа Расина, каде настава посетуваат 24.000 ученици, вирусот корона е регистриран кај 696 ученици и 122 наставници.

20.10.2021 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа