Трајанов: Во СДСМ има раскол и неединство

„Анализите наши покажуваат дека голем број на гласачкото тело на СДСМ, активисти, членови на СДСМ не излегоа да гласаат. Тоа е точната дијагноза. Значи СДСМ мора да се консолидира, ако сака да има резултат во вториот круг од локалните избори“, истакна Павле Трајанов, претседател на Демократски Сојуз во „Утрински Брифинг“.

Трајанов додаде дека сите 23 партии од коалицијата на СДСМ беа пасивни за време на изборите. Ако се активираат и донесат по илјада гласови тоа се веќе 23.000 – 25.000 гласа.

„Причините за потфрлање на гласовите што ги доби СДСМ и другите партии кои беа во коалицијата со СДСМ, пред се мислам дека е резултат на внатрешното неединство во СДСМ, и затоа се јавија многу независни кандидати и повеќе од сигурно е дека т.н. скопско крило кое што во јавноста лебдеше дека тие нема да го поддржат СДСМ, дека тие гласови отидоа кај независните“, појасни Трајанов.

Трајанов посочи дека има внатрешни поделби во СДСМ и тоа рефлектираше врз гласовите на локалните избори.

22.10.2021 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега