Трајановски: Проектот Луна парк е завршен во 2018 година, Шилегов проектот го чува во фиока, а од тоа најмногу губат граѓаните

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски и поранешен градоначалник на Скопје во гостувањето во Радио Лидер рече дека седум реквизити за Луна паркот биле набавени уште од неговиот мандат, но се чуваат по магацини или стојат кај добавувачите.

Како што истакна тој, дел од реквизитите кои требало да бидат дел од Луна паркот биле пристигнати, а дел требало да пристигнат, притоа со тендерот кој што бил распишан предвидел истите да се донесат и монтираат и да се пуштат во употреба од страна на добавувачот.

Ако го продолжеше ова, во тој случај жителите на Град Скопје во 2018-та година, во летото, веќе ќе можеа да ги користат благодетите од овие реквизити, посочи Трајановски.

Според Трајановски, секој градоначалник треба да ги продолжи проектите од претходниот, укажувајќи дека доколку проектите се во завршна фаза а се држат во фиока е незаисливо и необјасниво бидејќи од тоа најмногу губат граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа