Три хороскопски знаци кои од 30 јануари до 20 февруари ги очекуваат предизвици

Веќе во првиот месец од 2021-та година се соочуваме со ретрограден Меркур кога од моќниот Меркур можеме да очекуваме предизвици на полето на комуникацијата, патувањето, технологијата и остварување на плановите. Овие три хороскопски знаци ги очекува предизвици и ризици во текот на ретроградниот Меркур:

Бик

Ретрограден Меркур ќе има посебно влијание на вашето поле на кариерата. Можни се доцнења, пропуштени рокови и незавршени проекти, како и предизвици во комуникацијата со колегите и надредените. Наместо да носите нагли одлуки и потези искористете го ова време за повторно да размислувате за своите идеи или пак прочистете го вашиот план од недостатоци. Негувајте ја вашата самодоверба и бидете внимателни, а доколку вложите доволно труд, се ќе биде на свое место.

Лав

На Лавовите ги очекува напнатост во полето на емотивните односи. Можни се турбуленции во љубовта, а расправиите од минатото повторно ќе станат главна тема на разговор. Обидете се ситуацијата да ја разгледувате објективно и контролирајте ги негативните емоции. Без оглед на сите околности, најдобро ќе го решите овој предизвик доколку научите како да го сослушате партнерот во текот на разговорите. Подобро е веднаш да се соочите со проблемите, наместо да го одложувате тоа.

Стрелец

Предизвици во комуникацијата можат негативно да влијаат на вашиот социјален живот. Внимавајте кои зборови ги изговарате и како им се обраќате на другите луѓе. Брзоплетоста е вашиот главен непријател во овој период. Размислете пред да кажете некој збор затоа што конфликтите во овој период се и тоа како возможни. Пронајдете го вашиот внатрешен мир и комуникацијата ќе се подобри значително.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 23:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега