Уапсен српски тинејџер кај Гевгелија: Превезувал мигранти од Куба

19-годишен Србин е уапсен кај Гевгелија зашто превезувал 14 илегални мигранти од Куба.

-Вчера околу 15.45 часот на бензинска пумпа на автопат А1 – Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода Е.Е.(19) од Република Србија, затоа што во возило  „форд галакси“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 14 лица државјани на Куба, од кои две малолетни, со нелегален престој во државата. За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

20.10.2021 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа