Угостителски објект во Тетово примал гости – приведена сопственичката

Тетовски угостителски објект работел и примал гости и покрај забраната за нивно работење. Полицијата ја привела сопственичката, а објектот е затворен од страна на Пазарна.

-На 17.04.2021 во 13,10 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул.“120“ во Тетово кој бил отворен и во кој биле послужени неколку гости. Објектот бил времено затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственичката Ј.Б.Н.(49) била лишена од слобода и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава, велат од МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2021 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега