УХМР најавува локални поројни врнежи во ноќните часови, времето нестабилно и утре

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, процесите локално, особено во ноќните часови ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Утре ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според УХМР, од понеделник се очекува постепено стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури. 

13.08.2022 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа