Укинат притворот на Владимир Панчевски

Откако доцна синоќа беше поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, беше осуден на 3 години и шест месеци затвор за злоупотреби на АКМИС системот во Кривичниот суд, му беше укинат и притворот каде помина дваесет дена. Тој наместо во Шутка, беше однесен дома, објави Алсат-М.

Панчевски, експресно за само две недели и во неколку рочишта, велешкиот суд го прогласи за виновен за злоупотреби на АКМИС системот во Кривичен, додека беше претседател на судот.

Адвокатите на Панчевски не беа задоволни од пресудата.

„Сигурно ќе вложиме жалба. Ова што се случи е исклучок од сите правила. Станува збор за класичен пример за самоволие во постапувањето и ограничувањето на човековите права. Бевме сведоци како се заобиколуваат сите принципи на владеењето на правото. Имаме доволно време и ќе составиме жалба и верувам дека Апелациониот суд ќе ја укине оваа пресуда“, рече адвокатот Петро Јанура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега