Украдени се 30 дрва од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ - само 24 часа откако Град Скопје ги посади

24 часа откако градските власти посадија 600 дрва покрај новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ украдени се 30 од нив.

-Станува збор за садници кои се засадени во рамки на големата акција со која оваа есен над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари ќе го раззеленат Скопје. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санираа штетата и веднаш посадија нови дрвја на истата локација. За жал, ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР, велат од Град Скопје.

Оттаму апелираат да се чува зеленилото, бидејќи, како што велат, чисто Скопје е стремежот за сите нас.

Изминативе денови украдени се повеќе од 30 дрвја покрај новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел....

Posted by Град Скопје on Monday, 28 December 2020

Град Скопје вчера исто така преку Фејсбук соопшти дека на овој булевар засадени се 600 дрва.

-Новите дрвореди се составени од квалитетни дрвја коишто веднаш ќе се вклопат во екосистемот на главниот град, толку потребно за прочистување на воздухот, напишаа вчера од Град Скопје на Фејсбук.

 

 

НОВИ ДРВОРЕДИ ГО РАЗЗЕЛЕНИЈА БУЛЕВАРОТ ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ Повеќе од 600 висококвалитетни зимзелени и...

Posted by Град Скопје on Sunday, 27 December 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2020 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега