Уште една трагедија ја потресе Македонија: Почина 23-годишно момче, однел јадење на татко си на градилиште по што паднал од објектот
Вчера во 10.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.О.(23) од Скопје, кој околу 20.20 часот починал.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од објект во изградба на подрачјето на Бит Пазар, каде што бил да однесе јадење на неговиот татко, кој работел на објектот.
За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
13.12.2024 - 16:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа