Уште една жртва на македонските патишта: Загина маж во сообраќајка на патот Ростуше - Дебар

 


Вчера во 18.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Ростуше - Дебар, патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(53) од Дебар, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., кој по укажаната лекарска помош во Општа болница во Дебар им подлегнал на повредите.

Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од ОВР Гостивар.

29.11.2024 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега