Утре облечете се за на снег

Утре претпладне се очекува облачно време со повремени врнежи, кои и на некои пониски места ќе преминуваат во снег.

Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската Котлина.

Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи постепено разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено по должината на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната 3 од 9 степени.

Во Скопје наутро променливо облачно со повремен дожд, кој во повисоките делови од котлината ќе преминува во снег. Потоа облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта и утре претпладне ќе дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места.

Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Поради разведрувањето в среда и в четврток, утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

29.11.2021 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа