Утре се отвора Евзони: Во Грција ќе може да се влегува и со потврда за вакцина и со антиген тест

Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил објави дека граничниот премин „Евзони“ кон Грција од утре се отвора за сите граѓани на Република Македонија, кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела.

Тој посочува дека за тоа бил информиран од грчкиот колега Киријакос Мицотакис.

-Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела, напиша Заев на својот фејсбук профил.

 Договорот од Преспа ни донесе унапредување на пријателството и економската соработка со Грција. На средбата со...

Posted by Zoran Zaev on Thursday, 13 May 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2021 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа