Вечерва земјотрес во Јадранското море

Вечерва околу 21.20 часот во италијанскиот дел од Јадранското море е регистриран земјотрес со сила од 4.2 степени по Рихтер.

 

Епицентарот на потресот бил на 91 километар северно од Пескара и 57 километри југоисточно од Сан Бенедето дел Тронто, објавија на сајтот од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

„Беше силно, но кратко“, напиша посетител на страната ЕМСЦ од местото Фермо, одалечено 50 километри западно од епицентарот на земјотресот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 23:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега