Велика Британија го додаде нервното пореметување на листата на ретки нуспојави од АстраЗенека

Велика Британија додаде уште едно заболување на листата на ретки нуспојави на вакцината на АстраЗенека.

Британскиот регулатор за лекови додаде исклучително ретко пореметување кое ги оштетува нервите, Гилиан-Бареов синдром (ГБС) како ретка нуспојава од вакцината против Ковид-19 на компанијата АстраЗенека, пишува Ројтерс, пренесе хрватски Индекс.

Европската агенција за лекови (ЕМА) уште минатиот месец ја додаде ГБС како можна нуспојава од оваа вакцина.

Болеста доведува до нагло зголемување на мускулната слабост, која кога-тогаш резултира со парализа. Симптомите обично започнуваат со слабост, трнење и губење чувство на нозете.

 

 

21.10.2021 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа