Верските лидери со апел до граѓаните: Да се почитуваат мерките со цел заштита на своето здравје и здравјето на блиските

 

Сите наши верници и сите граѓани на нашата држава, на актуелната состојба со коронавирусот да гледаат со највисок степен на сериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки да го заштитат сопственото, здравјето на блиските, на здравствените работници и со тоа на севкупното општество.

Ова се посочува во апелот на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, в.д. реисул улема на Исламската верска заедница х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, бискуп скопски и епарх струмичко-скопски монсињор Киро Стојанов, претседателот на Еврејска верска заедница, Романо Николиќ и супериндендентот на Евангелско- методистичка црква Марјан Димов, што денеска го испрати Комисијата за односи со верските заедници.

Доследното почитување на мерките, посочуваат тие, не треба да се толкува како имање слаба вера, туку како имање љубов и грижа за другите.

– Сега е време кога секој човек мора да покаже грижа и да даде личен прилог во справувањето со настанатата состојба. Мерките треба да ги почитуваме постојано, во внатрешен и надворешен простор, на работните места, во верските храмови, во домовите и на јавните површини. Во овие времиња да бидеме силни и свесни дека искушенијата доаѓаат поради лично преиспитување и зацврстување во верата, стои во апелот на црквите, верските заедници и религиозните групи спомнати во Уставот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега