ВИДЕО: Хрватски политичар извел стриптиз во ЕУ парламентот - прво го соблекол сакото, па продолжил со ременот

Иван Вилибор Синчиќ, хрватски европарламентарец и шеф на Жив ѕид, добил суспензија во Парламентот на ЕУ поради недолично однесување, што потврдил и претседавачот на тоа тело, Давид Сасоли.

Имено, хрватскиот политичар почнал да го соблекува скаото и да го откопчува рмеенот на панталоните на една септемвриска седница.

Казната подразбира одземање на дневницата два дена и привремена суспензија на 7 дена што значи дека му е оневозможен било каков облик на работа и учествување на работата во активностите на работните тела на Европскиот парламент.

Исто така, еден не смее да претседава во парламентот на интерпарламентарните конференции и меѓуинституционални состаноци.

Синчиќ две недели има за жалба.

Шефот на Жив ѕид на 16. септември во текот на својот говор за сиромштијата на граѓаните ја обвинил ЕУ за „неадекватно однесување со кризата која милиони граѓани ќе ги однесе до банкрот“. Во еден момент почнал да го соблекува сакото, а потоа почнал да го раскопчува ременот на панталоните.

Тоа на може на снимката на 2:28:20 минути.

После суспензијата се огласил и сами Синчиќ.

„Кога во Европскиот парламент ќе се спротиставиш на грабежот на граѓаните и бараш да им се врати нивното, добиваш санкција. Подготвен сум на се, одиме до крај, до воведување на Универзалниот основен приход“, стои во неговата објава на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега