ВИДЕО: Луѓето на плажата со чудење гледале што носи огромната птица во канџите

Снимката од плажата во Јужна Каролина станала вирална на социјалните мрежи.

„Знае ли некој кој вид птица е ова и дали држи ајкула во канџите?“ - пишува на снимката која што била објавена на социјалната мрежа Твитер пред неколку дена и која што собрала над 15.6 милиони прегледи.

На видеото кое што е снимено во Миртл Бич се гледа голема птица која што носи голема риба во канџите.

Ескпертите процениле дека не станува збор за морско куче, како што некои помислиле, туку рибата е позната со името ''лејдифиш'' (Elopidae).

Набљудувачот на птици, Дејвид Барет за „The Post“ вели дека птицата најверојатно е орел, познат по името ''орел рибар''.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа