ВИДЕО: Мал авион слета на автопат во САД - повредени четири лица

Најмалку четири лица се здобија со полесни повреди откако помал авион беше принуден да слета на автопат во предградие на Чикаго.

Авионот „BeechB24R“ во четвртокот итно слета на автопатот 355 поради проблеми со моторот, при што беа повредени пилотот и тројца патници. Инцидентот се случил околу 11:30 часот, пишуваат медиумите во таа земја.

39-годишниот пилот и тројца патници, вклучувајќи и 15 годишно лице, се здобиле со полесни повреди и биле пренесени во болниците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега