ВИДЕО: „Некои делови од телото мораат да дишат“ - жена од Флорида стана хит откако објасни зошто не носи маска

Поради појавата на коронавирусот обврската за носење маска во јавност е задолжително во повеќе земји, па и во Флорида.

Меѓутоа, една жена привлекла внимание за време на јавна расправа околу носењето маски кога изјавила нешто поради што станала вирален хит на интернет.

Нејзиниот одговор насмеал многумина, после што добила ракоплескање од присутните.

„Не сакам да носам маска од иста причина поради која не носам гаќи. Некои делови од телото мораат да дишат“, изјавила таа, а видеото на кое го кажува тоа се прошири и на Твитер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега