(ВИДЕО) Патниците нервозни и револтирани: За влез од Грција во Македонија се чека 2 часа
По скоро два часа се чека за да се помине грчка граница „Евзони“ и да се влезе во Македонија. Возилата стојат во место, патниците се нервозни, а дополнителен проблем се високите температури. Возачите велат дека гужвите се ужас, како и дека овој проблем е секоја година, во тек на летната сезона.
Сите три ленти за возење се блокирани. Некои од возачите седат во, додека други, надвор од автомобилите. Колоната е километарска. Најголем дел од возилата се со македонски и српски регистрации.
Поголеми гужви се очекуваат за утре, кога, завршува викендот.
За излез од Македонија, се чека по 20 минути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа