ВИДЕО: Потврдено е, двајцата пилоти од српскиот воен авион загинале - од леталото остана само прав и пепел

Во околината на Лозница, во атарот на селото Брасина, утринава во околу 09:10 часот се срушил авионот МИГ 21 на војската на Србија.

Првичните информации беа дека еден пилот загинал, а по другиот, кој се капитулирал, се уште се трага.

Но, во нешто пред 14 часот пристигнала информација дека и другиот пилот е мртов.

Инаку, станува збор за авион стар дури 34 години. Министерството по овој повод и официјално се огласи соопштувајќи дека авионот бил прегледан утрово во склад со сите процедури и дека после прегледот било констатирано дека е исправен и подготвен за лет.

На лице место има пожарникари, Војска, полиција и Брза помош, а местото на несреќата го надгледуваат и воен и полициски хеликоптер. Упатени се и екипи на Службата за трагање и спасување и надлежните органи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега