ВИДЕО: Први снимки по убиството во Грција, полицијата со нови детали
Полицијата се уште го истражува убиството на 39-годишниот македонски државјанин во Халкидики, пренесуваат грчките медиуми.
„Во тек се истрагите на Полигирос за расветлување на ладнокрвното убиство на 39-годишен маж од Македонија, кој беше застрелан од непознати сторители, во 3.30 часот наутро, пред туристичкото сместување каде што престојувал. Од истрелите е повреден и неговиот 45-годишен пријател, кој се наоѓа на лекување, надвор од животна опасност, во болницата Полигирос“, известува Скај.гр.
Грчките истражни органи ја испитуваат верзијата дека убиството е планирано или дека се работи за крвна одмзада.
Според она што досега е познато, насилниците се возеле на мотор, а носеле фантомки на главата. Откако се приближиле до резиденцијата во која бил присутен 39-годишниот со уште четворица негови пријатели, пукале кон него.
Полицијата од местото на настанот собрала 19 чаури.
Убиенот Орхан (39) е познат како предводник на мафијашка група, досега вмешан во неколку престрелки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа