ВИДЕО: Страшна несреќа во Пакистан- се сруши авион со 107 патници

Патнички авион на „Пакистан Интернешанл Ерлајнс“, кој патувал од Лахоре до Карачи, се урна во близина на аеродромот во Карачи, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Портпаролот на пакистанската авиокомпанија, Абдул Сатар изјави за локалните медиуми дека во авионот „Ербас А-320“ се наоѓале 99 патници, плус 8 членови на екипажот.

Според Агенцијата, патничкиот авион се урнал во населена област во близина на аеродромот во Карачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега